• петок, 22 ноември 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Валандово

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Валандово
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа е нормализиран, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Од АМСМ потсетуваат дека од денеска почнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. сст/дма/ фото МИА архива      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан