• четврток, 21 ноември 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар-Центар Жупа

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар-Центар Жупа

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на патот Дебар-Центар Жупа од 19:20 часот е нормализиран во двата правци, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од попладнево поради сообраќајна несреќа во близина на Мелнички мост.

Во сообраќајната незгода, како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за МИА, учествувале три возила со македонски таблички при што полесно повредено беше едно малолетно лице. вт/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан