• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нормализиран сообраќајот на патот Горно Лисиче - Долно Лисиче, пуштен во употреба првиот мост во село Батинци

Нормализиран сообраќајот на патот Горно Лисиче - Долно Лисиче, пуштен во употреба првиот мост во село Батинци

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Од 12:20 часот нормализиран е сообраќајот на локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и пуштен е во употреба првиот мост во село Батинци, информира АМСМ. 

РЦУК - Скопје утрово соопшти дека поради врнежите од дожд синоќа дошло до излевање на Маркова Река преку мостот кај населеното место Љубош и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан