• недела, 22 декември 2024

Нормализиран сообраќајот на магистралата А2, Куманово - Крива Паланка 

Нормализиран сообраќајот на магистралата А2, Куманово - Крива Паланка 

Крива Паланка, 29 септември 2024 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Куманово - Крива Паланка од 17.30 часот е нормализиран, по прекинот од речиси седум часа, поради сообраќајка помеѓу две товарни возила кај населеното место Стамболици, во атарот на село Конопница, кривопаланечко.

Од околу 10 часот изутрината сообраќајот беше во целосен прекин, а од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека станува збор за товарни возила со приклучни приколки.

Во времето на прекин на сообраќајот на магистралниот пат А2, патничките моторни возила се пренасочуваа кај село Т'лминци кај Пролетерски гаражи по локалниот пат низ село Конопница, но тешките товарни возила и автобусите беа заглавени во повеќекилометарска колона.ид/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан