• недела, 22 декември 2024

Норис ќе стартува прв на Монца

Норис ќе стартува прв на Монца

Монца, 31 август 2024 (МИА) - Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) победи во квалификациите за Големата награда на Италија во Формула 1 за десетинка од секундата, а неговиот тимски колега Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) ќе ја започне трката на патеката Монца долга 5,793 километри од второто место.

Норис поведе со силен круг на почетокот на третите квалификации, но британскиот возач на Мекларен постави нов водечки круг од 1:19.327 и тоа време остана во водство до крајот. Пјастри заврши на второто место за 0,109 секунди заостанување, при што сите возачи во првите 6 завршија на две десетини едни од други.

Џорџ Расел (Велика Британија, Мерцедес) го освои првото место во вториот ред, со заостанување од 0,113 секунди, а по него беа двата болиди на Ферари. Шарл Леклер (Монако) е само 0,134 секунди од водечкото време, а Карлос Саинц (Шпанија) заостануваат уште шест стотинки, следен од Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) со 0,186 секунди.

Светскиот шампион Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) имаше лош ден во Монца, претрпувајќи штета во првиот квалификациски круг. Тој заврши само седми и ќе стартува заедно до неговиот тимски колега Серхио Перез (Мексико, Ред Бул).

Пласман на Монца:

1.Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) - 1:19.327 минути
2. Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) - + 0,109 секунди
3. Џорџ Расел (Велика Британија, Мерцедес) - + 0,113
4. Шарл Леклер (Монако, Ферари) - + 0,134
5. Карлос Саинц (Шпанија, Ферари) - + 0,140
6. Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) - + 0,186
7. Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) - + 0,695
8. Серхио Перез (Мексико, Ред Бул) - + 0,735
9. Александар Албан (Тајланд, Вилијамс) - + 0,972
10. Нико Хулкенберг (Германија, Хас) - + 1.012 секунди
11. Фернандо Алонсо (Шпанија, Астон Мартин)
12. Даниел Рикиардо (Австралија, РБ Хонда)
13. Кевин Магнусен (Данска, Хас)
14. Пјер Гасли (Франција, Алпин)
15. Естебан Окон (Франција, Алпин)
16. Јуки Цунода (Јапонија, РБ Хонда)
17. Ленс Строл (Канада, Астон Мартин)
18. Франко Колапинто (Аргентина, Вилијамс)
19. Валтери Ботас (Финска, Заубер)
20. Џоу Гуанју (Кина, Заубер). дс

Фото: Архива

Остани поврзан