• сабота, 06 декември 2025

Норвешката репрезентација во скијачки скокови го загуби спонзорот по манипулација со опремата

Норвешката репрезентација во скијачки скокови го загуби спонзорот по манипулација со опремата

Осло, 10 март 2025 (МИА) – Компанијата „Хелп“ објави дека го прекинува спонзорството на норвешкиот тим во скијачки скокови по признавањето на тимот за манипулација со костими на Светско првенство во Трондхајм.

На 8 март, стана познато дека норвешките ски-скокачи ги модифицирале своите одела за да ги подобрат своите аеродинамички карактеристики.

- Тажно е што норвешките ски-скокачи ја уништија довербата што ја градеа неколку сезони. Неприфатливо е да го ставаме нашето лого на дресовите на тим што изневерува, е ставот на компанијата „Хелп“.

„Help“, која ја спонзорираше норвешката репрезентација шест сезони, побара нејзиното лого да се отстрани од униформата на норвешките ски-скокачи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан