• понеделник, 23 декември 2024

Норвежанецот Руд испиша тениска историја

Норвежанецот Руд испиша тениска историја
Осло, 5 ноември 2021 (МИА) – Тенисерот Каспер Руд стана првиот Норвежанец во историјата, кој обезбеди место на завршниот АТП турнир закажан во Торино од 14. до 21 овој месец. Руд обезбеди настап на завршниот турнир на кој традиционално учествуваат осумте најдобри тенисери и двојки со победата во осминафиналето на Мастерсот од серијата 1000 во Париз против Американецот Маркос Гирон со 6-2, 6-1/. Руд оваа година освои пет турнири, идентично како и Германецот Александер Зверев и со тоа двајцата тенисери се најуспешни на АТП турнирите оваа сезона. ег/паг/

Остани поврзан