• петок, 22 ноември 2024

Нов начин на лекување и спречување на губењето коскена маса

Нов начин на лекување и спречување на губењето коскена маса

Пекинг, 26 август 2022 (МИА) - Кинески научници развија неинвазивна техника со помош на магнетна енергија, којашто влева надеж за спречување на губење на коскената маса кај пациентите со рак кои биле изложени на радиотерапија.

Научен труд, објавен во списанието „Сајенс Адвансис“ (Science Advances), наведува дека импулсното електромагнетно поле може да предизвика ефективни сигнални одговори во коскените клетки на глодар, кога тие се изложени на радиоактивност. Радиотерапијата, којашто често се користи за лекување рак, ја зголемува стапката на лекување и преживување по туморот, но оштетувањето на коските е меѓу неговите несакани последици. Третманот опишан во трудот го намалил губењето на коскената маса кај стаорци 45 дена по радиотерапијата до ниво слично на она кај стаорци кои никогаш не биле изложени на зрачење. Можна идна стратегија заснована на новите сознанија, може да го стимулира растот и заздравувањето на коскените клетки. Истражувачите од Четвртиот воен медицински универзитет во Кина ја испитуваа сигнализацијата на јони на калциум во реално време во озрачените коскени клетки како одговор на стимулацијата со повеќекратни импулсни електромагнетни бранови за коишто претходно се знаеше дека имаат биолошки ефекти. Тоа откри дека импулсното електромагнетно поле предизвикува најсилна реакција на сигналот на јонскиот калциум кога се пренесува со две милисекунди и фреквенција од 15 херци. Наодите нудат нова можност да се намали оштетувањето на коските предизвикано од радиотерапија, на неинвазивен и економичен начин, вели истражувањето.  си/

Остани поврзан