• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нов Младински културен центар во Ресен

Нов Младински културен центар во Ресен

Ресен, 3 март 2025 (МИА) - Општина Ресен ќе го реновира објектот на старата пожарна во тој град и ќе го пренамени во Младински културен центар како и Центар за културно наследство на Ресен и Преспа.

Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен информираат дека на првата работилница со невладини организации и здруженија од општината идејата на локалната самоуправа е прифатена со задоволство и конструктивно надградување.

-На работилница со локалните невладини организации и здруженија го претставивме проектот за реновирање кое е во соработка со ЦИСС организацијата и со партнерство на Домот на културата „Драги Тозија". Учесниците сега имаат информација за тоа каков ќе биде ликот на новиот објект и сите простории што ќе се реновираат. Учесниците искажаа предлози и идеи кои може да бидат искористени за функционалност на просториите, посочија од тамошната локална самоуправа.

Општина Ресен од неодамна е вклучена и во нов меѓународен проект за урбана мобилност, а со цел решавање на проблемите во сообраќајот со акцент на јавниот транспорт. мт/дма/

Фото: Општина Ресен

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан