• понеделник, 23 декември 2024

Нов Зеланд ќе ја легализира евтаназијата, но не и марихуаната

Нов Зеланд ќе ја легализира евтаназијата, но не и марихуаната
Велингтон, 30 октомври 2020 (МИА) - Граѓаните на Нов Зеланд на референдум се изјаснија против легализација на марихуана во рекреативни цели, покажуваат првичните резултати. Околу 53 проценти од граѓаните гласале „против“,а 46 се изјасниле „за“ легализација на марихауната. Рекреативната употреба на марихауаната е легализирана или декриминализирана во Канада, Јужна Африка, Уругвај, Грузија и неколку американски сојузни држави. Додека граѓаните на Нов Зеланд на референдум се изјаснија за легализација на евтаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати. Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за евтаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари. Предвидено е Законот да стапи во сила во ноември 2021 година. Закон за евтаназија имаат Канада и Холандија. ми/

Остани поврзан