Нов дигитален киоск за наплата на фактури на ЈП „Водовод и канализација“ во Сити мол
- Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.
Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.
- Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.
Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура. бд/лв/
Фото: ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје