• понеделник, 25 ноември 2024

Ново паметно лед осветлување во Велес

Ново паметно лед осветлување во Велес

Велес,13 ноември 2024 (МИА) - Македонски Телеком е носител на договорот за јавна набавка на новото улично осветлување со паметни лед светилки од марката „Schreder“ на целата територија на Општина Велес.

Како што информира градоначалникот на Велес Марко Колев, кој денеска се сретна со претставиците на Македонски Телеком, предвидено е воспоставување на комплетен систем за паметно осветлување, мерење и управување, преку кој ќе се мерат сите енергетски параметри, со што мрежата превентивно ќе се одржува и ќе се спречат евентуални кражби и злоупотреби.

-Со оваа инвестиција се решава голем проблем на велешани, а дополнително се очекува заштеда од 70-75 отсто во однос на претходниот систем за јавно осветлување, како и намалување на загадувањето на животната средина преку редукција на емисиите на јаглерод диоксид, најави Колев. ад/мд/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан