• сабота, 06 јули 2024

Ново детско катче на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Ново детско катче на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Куманово, 7 ноември 2023 (МИА) - Ново детско игралиште е поставено на булеварот „Октомвриска револуција“ зад комплексот згради. Изградбата на игралиштето е овозможена преку програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од мрежата за рурален развој на Северна Македонија во партнерство со ЛАГ „Абер 2015“, како и проектот на УСАИД „Заедно за просперитетна заедница“, имплементирана од Институтот за истражувања и анализи на политики „Ромалитико“.

Суад Скендери од „Ромалитико“ вели дека детското игралиште ќе го користат и ќе се забавуваат децата од булеварот и од соседните општини „Средорек“ и „Бавчи“.

- Ние спроведуваме вакви акции на ниво на државата во повеќе локални заедници. Работиме според приоритетите на ромската заедница во 20 општини, еден од приоритетите е детско катче во Куманово. Во други општини имаме акции од различен тип, асфалтирање, водовод, канализација, сè што е приоритет за ромската заедница, изјави Скендери.

Куманово ќе остане во фокус на невладиниот сектор, од каде ги поканија граѓаните со свои предлози да учествуваат за проекти за подобра локална заедница.

Проектот „Детско катче“ е овозможен со поддршка на американскиот народ преку УСАИД и локалната „Дром“, здружението „Форма Нова“ и компаниите „Кооп инженеринг“ и „Ватајо“. ам/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан