• вторник, 26 ноември 2024

Новото издание на „Интерфест“ во обновениот Офицерски дом во Битола

Новото издание на „Интерфест“ во обновениот Офицерски дом во Битола

Битола, 9 јули 2021 (МИА) - Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски, основачи и креатори на фестивалот на класична музика „Интерфест“ очекуваат новото издание на фестивалот да се одржи во обновениот Офицерски дом во Битола.

На средба со градоначалничката Наташа Петровска брачната двојка Шперовиќ-Рибарски искажаа голема благодарност за реконструкцијата на Офицерскиот дом, симболот на незаборавни манифестации и концерти одржани во сала со прекрасна акустика и амбиент.

-Наскоро концертната сала ќе биде препознатлив белег за градот, во која врвни имиња од класичната музика ќе можат да концертираат и да се воодушевуваат на импозантниот објект во Битола. Локалната самоуправа ќе ги создаде услови за новото издание на „Интерфест“, рече меѓудругото Петровска на средбата со основачите на светски познатиот фестивал на класична музика, кој секоја есен се одржува во Битола.

Обновата на Офицерскиот дом во Битола е во завршна фаза, а во моментов се врши партерното уредување на објектот.мт/бт/

Остани поврзан