• понеделник, 04 ноември 2024

Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс не се согласува со ставот на Бајден дека Си Џинпинг е диктатор

Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс не се согласува со ставот на Бајден дека Си Џинпинг е диктатор

Оукленд, 22 јуни 2023 (МИА) - Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс, пред неговото официјално патување во Кина, кон  крајот на овој месец, денеска изјави дека не се согласува со ставот на американскиот претседател Џо Бајден дека кинескиот лидер Си Џинпинг е диктатор, пренесоа британските медиуми.

-Не. Формата на владеење што ја има Кина е прашање што се однесува само на кинескиот народ, изјави Хипкинс.

Запрашан од еден новинар дали кинескиот народ има збор во оваа форма на владеење, Хипкинс одговори: „Ако сакаат да го променат својот систем на владеење, тоа е нивна работа“.

Хипкинс треба да ја посети Кина од 25 до 30 јуни, предводејќи ја трговската делегација во која има претставници на некои од најголемите компании во Нов Зеланд. Тој ќе се сретне со Си Џинпинг, премиерот Ли Чијанг и претседателот на Постојаниот комитет на кинескиот национален народен конгрес Жао Луџи.

Кина одговори на забелешките на Бајден, оценувајќи дека неговите коментари се апсурдни и се провокација, неочекувано разгорување на непријателството откако со посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг двете страни се обидоа да ги намалат тензиите во односите. сд/

фото: архива

Остани поврзан