Новогодишна хумана мисија во градинката во Делчево во рамки на проектот „Здрава трпеза“
- Детската градинка „Весели Цветови“ од Делчево и во услови на Ковид-19 продолжува со реализирање на настанот „Здрава трпеза“.
Делчево, 16 декември 2020 (МИА) - Детската градинка „Весели Цветови“ од Делчево и во услови на Ковид-19 продолжува со реализирање на настанот „Здрава трпеза“.
Директорката на установата Билјана Симовска истакна дека и годинава со поддршка на општествено одговорни фирми, во рамки на одбележувањето на настанот ќе бидат дистрибуирани хуманитарни пакети за семејства кои живеат во социјален ризик.
- Во Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови“ и оваа година во време на КОВИД кризата настанот „Здрава Трпеза“ има Новогодишна хумана мисија. Наместо подготвена трпеза во градинката, вработените во градинката подготвија пакети со храна кои ќе ги дистрибуираат до семејства кои живеат во социјален ризик. Благодарност до општествено одговорните фирми од градот, кои оваа година самоиницијативно зедоа учество во акцијата и овозможија да внесеме малку ведрина во нечиј дом, рече Симовска.
Директорката на градинката воедно информираше дека состојбата со Ковид-19 во градинката се подобрува.
- Стабилна е ситуацијата со Ковид-19 вирусот во установата. Сите вработени кои беа во изолација се вратени на работа, а од петок и групата јасли со 12 деца се враќааат во градинка, додаде Симовска.
Потенцираше дека заштитата на персоналот и дечињата ќе продолжи со тековно почитување на протоколите и редовна дезинфекција во градинката. вс/фф/