• петок, 28 јуни 2024

Нови 96 клупи на повеќе локации во Кавадарци

Нови 96 клупи на повеќе локации во Кавадарци
Кавадарци, 3 јуни 2022 (МИА) - Во тек е набавка и поставување на урбана опрема - клупи, на повеќе локации низ градот Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречката Локална самоуправа.
-Ќе се монтираат 96 клупи. Изведувач е „3Д Горан Илија Темков" Кавадарци. Истовремено, продолжува разубавувањето на Кавадарци, во тек е реконструкција на фасади на колективни згради за домување со општински пари, сега на улицата „29  Ноември’’. Изведувач е фирмата „Градба промет", соопштија од Општината.
Од Локална самоуправа Кавадарци најавија и низа други проекти, за, како што рекоа, подобар живот на сите кавадарчани.свд/бт/

Остани поврзан