• понеделник, 23 декември 2024

Нови 66,5 милиони денари за патна инфраструктура во Велес

Нови 66,5 милиони денари за патна инфраструктура во Велес

Велес, 31 октомври 2023 (МИА) - Општина Велес со ангажирање на градежната механизација и во наредние денови, се додека дозволат временските услови, интензивно ќе продолжи да работи уште на седум улици во градот.

Како што информира градоначалникот Марко Колев, во соработка со Светска банка и Министерство за транспорт и врски ќе се реконструираат улиците „Љубљанска", „8 Март" и „Луј Пастер" што води покрај пругата во велешката населба „Керамидна“. Инвестицијата за реконструкција на овие улици е во  вредност од 30,5 милиони денари.

Колев информира дека  во тек на подготовка е и нова развојна програма на Општина Велес со вредност од 36 милиони денари, со која се опфатени делови од улиците „Раштански пат", „Димитар Влахов", „Борис Трајковски" и „Алексо Демниевски Бауман".

- Со оваа вкупна инвестиција од 66,5 милиони денари значително ќе се подобри состојбата во патната инфраструктура и безбедноста на сите учесници во сообраќајот во градот, потенцира градоначалникот Колев. ад/цр

Фото:МИА 

Остани поврзан