• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нови 60 километри патни правци до крајот на месецов, најави премиерот

Нови 60 километри патни правци до крајот на месецов, најави премиерот

Ресен, 12 март 2025 (МИА) - Нови 60 километри патишта на три различни локации се очекуваат да завршат до крајот на месецов, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на граничниот премин „Маркова Нога“ на македонско-грчката граница.

Патишта во должина од 60 километри се градат и реконструираат помеѓу Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. Мицкоски соопшти дека се решени имотно-правните односи. Изградбата на патишта ќе овозможи подобра конекција помеѓу градовите и туристичките места.

- Импресивно делува сето тоа, бидејќи до крајот на месецот очекуваме нови 60 километра фронт и работа на три паралелни локации, Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово -Гостивар, 60 километри фронт решени имотно-правни односи, нешто што не можеа не можеше претходната влада во рокот две до три години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено. И добро е тоа што ќе се реализираат овие проекти и доброто е тоа што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град и нормалното е добро за туристичката сезона во Охрид, бидејќи и нашите туристички центри не само Охрид туку и останатите бидејќи, на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до останатите туристички места, изјави премиерот. ам/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан