• понеделник, 23 декември 2024

Нови уникатни зданија најавени за годинава и наредниот период

Нови уникатни зданија најавени за годинава и наредниот период
Њујорк, 4 јануари 2021 (МИА) - Пандемијата на коронавирусот можеби ја запре или барем значително ја забави работата на многу проекти во 2020 година, но се чини дека оваа 2021 година ќе се оствари изградбата на неколку многу интересни зданија. На пример, новата библиотека во њујоршката населба Фар Рокавеј ќе биде двојно поголема од старата на истата локација, нудејќи им на граѓаните двојно поголема содржина и простор. Покрај тоа, во средината на 2021 година, изградбата на центар за изведувачки уметности во Тајпеј, Тајван, ќе биде завршена по осум години. Во Кито, Еквадор, ќе биде готова долгоочекуваната зграда којашто ќе им даде на станарите можност да се поврзат со природата на посебен начин, а пак, во Данска продолжува градбата на првиот „климатско-позитивен“ хотел, што е всушност првата зграда што штеди повеќе јаглерод отколку што ќе го емитува. Куќата на музиката во Будимпешта ќе ја слави традиционалната музика на оваа земја, а во Амстердам ќе бидат привршени работите околу студентскиот дом со 1.500 станови. Во кинескиот град Гуангжу ќе се гради театар со 2.000 места за седење, инспириран од текстурата на везената свила и цртежите на уметникот Жанг Хонгфеј. Во текот на изминатото десетлетие, „НЛЕ аркитекчр“ експериментираше со иновативни начини да се гради брзо и евтино во вода. Така настана пловечкиот систем Макоко, чијашто изградба, исто така, ќе заврши во текот на оваа година, а во кој ќе има концертна сала, студио за снимање и кафе-бар. си/

Остани поврзан