• понеделник, 23 декември 2024

„Нови решенија“ и построги акции: новости за миграцијата во ЕУ и нејзините соседи 

„Нови решенија“ и построги акции: новости за миграцијата во ЕУ и нејзините соседи 

ЕНР - Брисел

27 октомври 2024

Миграцијата е спорна тема во ЕУ со години. На средината на серија изборни успеси на екстремно десничарските партии низ блокот и менувањето на безбедносната средина, одделни земји заземаат сè по рестриктивни позиции. Новиот Пакт за миграција и азил кој предвидува строги мерки за борба против нелегалните миграциски текови од почеток на летото во 2026 година, беше усвоен дури во мај. 

Иако повиците за построги мерки беа присутни уште тогаш, тие беа повторно нагласени минатата недела на самитот на Европскиот совет каде миграцијата беше во центарот на вниманието – поддржана од сè повеќе и повеќе земји кои бараа поголема заштита на границите на ЕУ и дискутираа за „екстернализација“ на процедурите за азил и брза имплементација на правилата за депортација на мигрантите. 

Во пресрет на Самитот, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмо до лидерите на ЕУ најави дека во нејзиниот нов мандат извршната власт на ЕУ ќе разгледа воспоставување на центри за депортација во трети земји каде што ќе бидат пратени нелегалните мигранти за да чекаат враќање во нивните земји на потекло. Миграциската политика на ЕУ може да биде одржлива само ако оние кои немаат право да останат во ЕУ бидат вратени назад, напиша Фон дер Лајен. 

На Самитот минатиот четврток, лидерите на ЕУ го одобрија текстот кој повикува на итно ново законодавство за зголемување и забрзување на депортација на мигрантите. Тие, исто така, повикаа ЕУ да истражи „нови решенија“ за справување со нелегалната миграција. 

Иако не се наведени јасно, таквите мерки би можеле да вклучуваат т.н. центри за депортација надвор од ЕУ, според моделот на договорот помеѓу Рим и Тирана за испраќање на некои мигранти во Албанија додека се обработуваат нивните апликации. Идејата за „екстернализација“ ги подели 27-те земји членки на ЕУ. 

Според податоците на ЕУ, во моментов помалку од 20 проценти од луѓето на кои им е наредено да го напуштат блокот се враќаат во својата земја на потекло. Европската гранична и крајбрежна агенција – Фронтекс, соопшти дека нелегалното влегување во првите девет месеци од оваа година се намалило за 42 проценти во споредба со минатата година – со 166.000 регистрирани премини. Податоците покажуваат пад од 79 проценти на западнобалканската рута, пад од 64 проценти на централномедитеранската рута, додека на источната копнена граница забележан е голем пораст од 192 проценти. 

„Мини самитот“ на Мелони 

Италијанската екстремно десничарска премиерка Џорџа Мелони на 17 октомври беше кодомаќин со Данска и Холандија на разговорите за миграцијата, кои ги обдинија десно центристичките и екстремно десничарските влади, поставувајќи го тонот за главниот настан. 

На состанокот присуствуваа претставници на Грција, Чешка, Естонија, Кипар, Словачка, Малта, Австрија, Полска и Унгарија. Како и, контроверзно, претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен. 

Претставниците на сите земји кои се собраа тоа утро се согласија дека мора да бидеме посмели и побрзи во нашите одговори, изјави чешкиот премиер Петр Фијала. 

Пред Самитот, европратеникот и заменик лидер на Зелените, Бас Ејкхаут, рече дека „не смее да се потпадне на екстремно десничарската страотна и популистичка пропаганда за миграцијата“. 

Нацрт-проектот Италија-Албанија се соочува со пречки 

Во ноември 2023 година, Италија и Албанија го потпишаа Договорот за создавање два центри управувани од Италија на албанска почва, кои почнаа да работат во средината на октомври. Во центрите ќе се сместуваат барателите на азил додека нивните апликации се разгледуваат од страна на италијанските власти. 

Шеснаесет мажи од Бангладеш и Египет пристигнаа во албанската пристаниште Шенѓин на 16 октомври. 

Контроверзниот договор се сметаше како потенцијален план за т.н. „центри за враќање“ од други земји членки на ЕУ, додека критичарите го нарекуваат „ново Гвантанамо“ кое го екстернализира прашањето и е премногу скапо. 

Италијанските судии минатиот петок се изјаснија против сместување на првите мигранти во земја која не е членка на ЕУ, со образложение дека според неодамнешната пресуда на Европскиот суд на правдата, мажите не ги исполнуваат критериумите за задржување во Албанија и наместо тоа мора да бидат вратени во Италија. 

Четворица од 16-мината биле идентификувани како „ранливи“ и веднаш биле вратени во Италија. Останатите 12 се качија на италијански брод на крајбрежната стража минатата сабота, кој ги однел во Бриндизи во јужна Италија, информира албанските пристанишни службеници. 

Одлуката на Судот предизвика гнев од водечките членови на италијанскиот владин Кабинет, при што вицепремиерот и министер за транспорт Матео Салвини ги обвини судиите дека се „политизирани“. Мелони на судската одлуката одговори на платформата Икс, наведувајќи: „Италијанците ме замолија да ја запрам нелегалната имиграција и јас ќе направам сè да го исполнам ветувањето и да ја запрам трговијата со луѓе“. 

Италијанската Влада во понеделникот одобри Одлука за миграција со дефинирана листа на безбедни земји за репатријација. Мерката има за цел да го реши правното прашање во врска со задржувањето на мигрантите во Албанија и вклучува листа на безбедни земји како дел од примарното законодавство. Станува збор за интерна министерска одлука, „што судијата не може да ја примени“, изјави министерот за правда Карло Нордио во понеделникот вечерта. 

Портпаролот на Европската комисија во понеделникот изјави дека италијанските мерки за мигрантите, вклучувајќи ги и „центрите за обработка на мигранти“ во Албанија , мора да бидат во согласност со законите на ЕУ. - Ние сме свесни за пресудата во Италија и сме во контакт со италијанските власти: Во моментов нема европска листа на безбедни трети земји, земјите членки имаат национални листи, но се очекува да работиме на тоа, рече портпаролот. 

Миграцијата низ блокот 

Се чини дека има пресврт на ситуацијата во однос на прашањето за миграцијата во Европа. Иако многумина се за забрзување на процедурите и спроведување на Миграцискиот пакт на ЕУ, идејата за „екстернализација“ на барањата за азил надвор од ЕУ доведе до поделби. Некои земји дури и се обидуваат целосно да се откажат од Пактот. 

Во изминатите недели, Холандија побара од Европската комисија да се повлече од Пактот за миграција на ЕУ, досега невиден потег, за кој се смета дека е малку веројатно да биде успешен. Унгарија го направи истото. 

Месецов полскиот премиер Доналд Туск најави привремено суспендирање на правото на азил за мигрантите кои пристигнуваат во Полска од Белорусија. Варшава ги обвинува Москва и Минск дека ги насочуваат мигрантите кон полската граница, која е и надворешна граница на ЕУ, со цел да се дестабилизира блокот и да се наруши безбедноста. 

Финска, која со Русија на исток има граница од околу 1.340 километри, ја затвори минатата година под обвинение дека Москва намерно ги носи барателите на азил без документи на нејзините гранични премини. При пристигнувањето на Самитот, финскиот премиер Петери Орпо изјави дека ја „поддржува и ја разбира Полска“ и повика на решение на ниво на ЕУ. 

Во Шведска, сегашната десничарска влада има за цел да има најстрог став за азилот во Европската Унија и со гордост објавува дека бројот на баратели на азил сега е најнизок од 1997 година. И покрај строгите ставови за миграцијата, Владата цврсто го поддржува новиот Пакт на ЕУ за азил и миграција, но е многу скептична кон земјите кои сакаат да се откажат или сакаат да го воспостават британскиот модел со Руанда. 

Имено, поранешната влада на Велика Британија планираше веднаш да ги депортира назад во Руанда барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија без валидни документи. Планот бил укинат од сегашниот премиер Кир Стармер, уште на неговиот прв ден на функцијата. 

Германскиот парламент на 18 октомври одобри да се стават под контрола придобивките кои им се нудат на барателите на азил. Земјата, исто така, ги засили контролите на границите со сите девет соседи, привремено суспендирајќи елементи од правилата за слободно движење на ЕУ. 

Во меѓувреме, новиот француски министер за внатрешни работи Бруно Ретајо се пожали дека со законодавството на ЕУ е „речиси невозможно“ мигрантите да се вратат во нивните матични земји. Земјата, исто така, ги продолжи привремените гранични проверки со шест од нејзините соседни земји - Луксембург, Белгија, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија до крајот на април следната година. 

Реакции од Самитот 

Во врска со Самитот, германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика земјите членки да продолжат со имплементацијата на новиот договор на ЕУ за миграција. Тој, исто така, изрази несигурност за идејата за центри за мигранти во странство. 

Шпанскиот премиер Педро Санчез го поддржа неговото мислење и смета дека центрите во странство нема да решат ниту еден од постоечките проблеми, туку само ќе создадат нови. Санчез, исто така, се залага за забрзување на спроведувањето на Пактот за миграција на ЕУ, изјавувајќи дека владите „треба да се соочат со миграцискиот феномен размислувајќи за идните генерации, а не за следните избори“. 

Словенија е дел од земјите кои сакаат да ја забрзаат имплементацијата на одредени мерки од Пактот за миграција на ЕУ. - Словенија се залага за итна имплементација на мерките кои треба да ги вклучат транзитните земји и земјите на потекло и за повеќе посветено финансирање во иднина, потенцираше словенечкиот премиер Роберт Голоб на маргините на Самитот. 

Португалскиот премиер Луис Монтенегро најави дека земјата е подготвена да прими мигранти, но нема да го стори тоа „со широко отворени врати“. Тој, исто така, изрази поддршка на механизмите на ЕУ против нелегална миграција, доколку се почитуваат човековите права. 

Чешкиот премиер Петр Фијала пред новинарите на Самитот изјави дека Европската Унија мора темелно да ја промени својата политика за депортирање, многу подобро да ја заштити својата надворешна граница и повеќе да соработува со трети земји. Тој додаде дека решението не е да се „вршат проверки во рамките на Шенген, што се случува токму сега“. 

Загриженост за последиците во соседството? 

Босна и Херцеговина (БиХ), како клучна транзитна земја на балканската миграциска рута, се соочува со зголемен притисок поради обидите за нелегално преминување на границата кон Хрватска. Построгите мерки на границите на ЕУ би можеле да резултираат со поголем број на мигранти заглавени во БиХ. 

Службата за надворешни работи на Босна и Херцеговина не е загрижена за сегашниот број на мигранти, кој е ист како и во претходните години. Иако ситуацијата на границите со Србија и Црна Гора е моментално стабилна, властите предупредија дека може да има зголемување на нелегални обиди за влез од Албанија во наредниот период, како последица од договорот меѓу Италија и Албанија. 

Фото: ЕНР

 

Остани поврзан