• петок, 22 ноември 2024

Нови канцеларии на Левица во Могила и Росоман 

Нови канцеларии на Левица во Могила и Росоман 

Скопје, 30 април 2024
  
Претседателот Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ4, Сашко Јанчев, вчера присуствуваа на отворање на две нови канцеларии на локални ограноци на Левица во општина Могила и општина Росоман. 
 
Народот сè повеќе ги препознава идеологијата и вредностите на Левица, изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почиваат вистината, праведноста и еднаквоста.  
 
Претседателот Апасиев, како и носителот Јанчев, во своите говори нагласија дека ова е историски момент пресуден за зачувување на интегритетот на Македонија. 
 
Постојаниот раст на партијата е доказ дека народот ги препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова идеја чие време допрва доаѓа!

 

Фото:Левица

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан