• сабота, 23 ноември 2024

Нови бомбардирања во источна Украина

Нови бомбардирања во источна Украина
Киев, 18 февруари 2022 (МИА) - Денеска имаше нови бомбардирања во источна Украина, додека украинската армија и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за употреба на тешко оружје.
Обновувањето на насилството во источна Украина продолжува да ги подгрева стравувањата од руски напад врз Украина, наведува агенцијата Франс прес.
Звук од гранатирање денеска се слушнал во местото Станица Лугањска, на истокот на Украина, под контрола на украинските безбедносни сили, пренесе француската агенција.
Во тој реон вчера имаше размена на оган во која беа оштетени неколку куќи и една градинка. На тој дел денеска делумно му недостига струја.
Украинските сили објавија 60 прекршувања на примирјето и 27 проруски бунтовници. Двете страни не кажаа дали има жртви или повредени.
Набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјавија дека насилството во источна Украина во регионот на Доњецк значително се зголемило со 189 прекршувања на примирјето во четвртокот. Во Луганск, област во рацете на проруските бунтовници, во средата имаше 129 прекршувања на примирјето. паг/

Остани поврзан