Новиот 5-Г паметен телефон на Ел-џи со два екрана
- Се работи за „ЛГ В-60 Тин-Кју 5-Г“. Содржи Снепдрагон 865 процесор, осум гигабајти РАМ и 128 или 256 гигабајти внатрешна меморија со можност за проширување со помош на микро СД картичка до дв
Лос Анџелес, 27 февруари 2020 (МИА) - Компанијата Ел-џи официјално го претстави својот нов паметен телефон со два екрана, којшто ја поддржува 5-Г мрежата.
Се работи за „ЛГ В-60 Тин-Кју 5-Г“. Содржи Снепдрагон 865 процесор, осум гигабајти РАМ и 128 или 256 гигабајти внатрешна меморија со можност за проширување со помош на микро СД картичка до два терабајти. Уредот се напојува со батерија од 5.000 мегаампер-часови.
П-ОЛЕД екранот е со големина од 15,75 сантиметри и резолуција од 2.460 х 1.080 пиксели. Вредно да се спомене и дека В-60 Тин-Кју има 3,5 милиметарски излез за слушалки и сензор за отпечаток од прст на екранот. Одзади е главната камера од 64 мегапиксели, како и 13-мегапикселната ТоФ камера, а пак, напред има камера од 10 мегапиксели.
Уредот ќе биде достапен во сина и бела боја, а продажбата почнува в март. Ќе чини нешто помалку од 1.000 долари и ќе може да се купи на европскиот, северноамериканскиот и азискиот пазар. си/