Новиот Плејстејшн 5 во ноември за 400 и 500 долари
- Јапонската компанија објави дека новата конзола ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјвер и, 399,99 долари без тој дел.
Токио, 17 септември 2020 (МИА) - Јапонската компанија Сони објави дека следната генерација на својата позната конзола за видеоигри, Плејстејшн 5 ќе ја пушти во продажба во ноември.
Јапонската компанија објави дека новата конзола ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјвер и, 399,99 долари без тој дел.
Уредот ќе се најде на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, а во останатиот дел од светот, ќе биде достапна седум дена подоцна - на 19 ноември. си/