• недела, 22 декември 2024

Новиот лидер на Хезболах, Наим Касем е под санкции на САД

Новиот лидер на Хезболах, Наим Касем е под санкции на САД

Бејрут, 29 октомври 2024 (МИА) – Наим Касем, новиот лидер на Хезболах, е под санкции од Соединетите Американски Држави кои ја сметаат организацијата за терористичка.

Неговото именување, објавено денеска, не е изненадување бидејќи 32 години беше заменик на поранешниот лидер Хасан Насрала, кој беше убиен на крајот на септември во израелски воздушен напад врз предградие на Бејрут.

Министерството за финансии на САД воведе санкции против Касем во 2018 година.

Тогаш беа проширени санкциите против Насрала, кој веќе двапати беше санкциониран во 1995 година поради закана дека ќе го наруши мировниот процес на Блискиот Исток и во 2012 година за учество во граѓанската војна против Сирија.

Касем долго време беше јавно лице на Хезболах и даваше интервјуа за локални и странски медиуми.

Касем Касир, либански аналитичар близок до Хезболах, рече дека изборот на Касем за лидер е порака до Либан и странските земји дека Хезболах се реорганизирал.

Неговото назначување покажува дека Хезболах е независен, а не, како што некои објавија, дека советниците од иранската Револуционерна гарда сега се одговорни за организацијата, додаде тој. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан