• сабота, 23 ноември 2024

Новиот Граѓански законик ќе обезбеди поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните  

Новиот Граѓански законик ќе обезбеди поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните   

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Министерството за правда на Република Северна Македонија и Работната група за граѓанскиот законик, поддржани од регионалниот проект „Правни реформи за економски развој во Западен Балкан" финансиран од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и имплементиран од ГИЗ, организираат дводневна Конференција за законот за семејно право и законот за наследство, која се одржува на денеска и утре во Охрид.

- Усвојувањето на Граѓанскиот закон претставува најсериозен потфат не само во сферата на граѓанското право, туку и во рамките на правниот систем на нашата држава. Со изработката на Граѓанскиот законик ќе се надминат правните празнини, недореченостите и противречностите кои што постојат во законите што ја регулираат оваа материја и ќе се обезбеди и она што е најголем проблем во владеењето на правото во државата, а тоа е правната сигурност, истакна заменик-министерка за правда Викторија Аврамовска Мадиќ на отворањето на конференцијата.

Јана Шуман, тим лидер во ГИЗ истакна дека со усвојувањето на новиот Граѓански законик, Република Северна Македонија ќе им се придружи на европските земји кои имаат Граѓански закони и ќе биде првата земја во регионот на Западен Балкан, финализирајќи го процесот на граѓанска кодификација.

-Усвојувањето ќе обезбеди поголема правна безбедност и доверба од страна на граѓаните и од страна на учесниците во правните трансакции и во инвестициите. Германската соработка ќе продолжи да создава платформи во кои соседните правни системи можат да разменуваат перспективи и најдобри практики, рече Шуман.

Членовите на академската заедница, судиите, нотарите, адвокатите, и истакнатите правници ќе дебатираат за најзначајните реформи кои се предложени со нацрт-граѓанскиот законик за време на Конференцијата. дма/са/

Фото:Министерство за правда

Остани поврзан