• четврток, 21 ноември 2024

Новиот биографски филм за Мерилин Монро ќе се прикажува од септември

Новиот биографски филм за Мерилин Монро ќе се прикажува од септември
Лос Анџелес, 17 јуни 2022 (МИА) - Многу очекуваниот филм „Русокоса“ (Blonde) заснован на романот на Џојс Керол Оутс, за животот на Мерилин Монро, ќе биде објавен на Нетфликс на 23 септември, објави стрим-платформата.

Улогата на холивудската ѕвезда која почина на 36-годишна возраст во 1962 година и којашто сè уште ги фасцинира САД, 60 години подоцна ја глуми кубанско-шпанската актерка Ана де Армас. Адриен Броди, исто така, се појавува меѓу глумците како драматургот Артур Милер, сопруг на Мерлин. Режисер на филмот е Ендрју Доминик, а продуцент е Бред Пит.

Некогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, за кого познатата русокоса ја отпеа веќе легендарната „Happy Birthday, Mr. President“, a гласините говорат и дека му била љубовница, ќе го глуми Каспар Филипсон.

Филмот ја доби ознаката „17 плус“, што значи дека не е за лица под 17 години, поради сцените со експлицитно сексуално насилство.

Делото на Џојс Керол Оутс, објавено во 2000 година, е еден од најпознатите негови дела. Романот-биографија го прикажува животниот пат на Норма Џин Бејкер - вистинското име на Мерилин Монро, отсликува и жесток портрет на Америка - особено Холивуд, во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.  си/

Остани поврзан