• сабота, 22 јуни 2024

Нова полициска акција во северно Косово, откриено оружје

Нова полициска акција во северно Косово, откриено оружје

Приштина, 14 јуни 2024 (МИА) – Косовската полиција соопшти попладнево дека спроведува акција на северот од државата, населен со мнозинско српско население, при што извршила претрес на две места и пронашла оружје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека не може да соопшти други детали бидејќи „рацијата се уште не е завршена“.

Тој го потврди пронаоѓањето на оружје на локации во Северна Митровица, но рече дека за количината ќе има дополнително соопштение.

Полицијата и во четвртокот презеде акција на север, во селото Угљаре кај Зубин-Потоку, при што заплени рачни бомби и  друго оружје. Во оваа рација е уапсено едно лице. иа/мс/

 

Остани поврзан