• четврток, 18 јули 2024

Нова книга за деца „Шапката на Волшебникот“ од Издавачкиот центар ТРИ

Нова книга за деца „Шапката на Волшебникот“ од Издавачкиот центар ТРИ
Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) – Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат културното дело за деца „Шапката на Волшебникот“ од шведската авторка Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ. -Ова е третата книга на Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудесно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави, велат од Издавачкиот центар ТРИ. „Шапката на Волшебникот“ е дел од едицијата  „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. ки/дма/

Остани поврзан