• петок, 22 ноември 2024

Нова канализациска мрежа во Волково

Нова канализациска мрежа во Волково

Скопје, 7 август 2024 (МИА) -  Општина Ѓорче Петров соопшти дека на крак на улица „35" во Волково се
поставува нова канализациска мрежа во должина од 250 метри и дека увид во градежните работи денеска извршил градоначалникот Александар Стојкоски.

Како што информира Општината, градоначалникот нагласил дека „граѓаните конечно добиваат квалитетни услови за живот, по високи стандарди“.

Со овој проект, посочил  Стојкоски, се обезбедуваат достоинствени услови за живот на жителите, се обезбедува соодветен третман на одпадните води и се избегнуваат несакани последици по домовите. 

-Во наредниот период ќе продолжиме со напорна работа. Нашите сожители заслужуваат подобри услови за живот. Децениските проблеми конечно се решаваат, а граѓаните ќе живеат во урбани услови. Тоа е нашата тенденција, Ѓорче Петров да стане урбано јадро и граѓаните да немаат повеќе проблеми со елементарни прашања, истакнал Стојкоски. хс/дма/


Фото: Општина Ѓорче Петров 

Остани поврзан