• понеделник, 23 декември 2024

Николоски од Гевгелија: Суштински значајно за економијата е да се отворат границите, а границите не се отвараат затоа што нема вакцинација

Николоски од Гевгелија: Суштински значајно за економијата е да се отворат границите, а границите не се отвараат затоа што нема вакцинација
Скопје, 4 април 2021 (МИА) Денеска сме во посета на Гевгелија да се запознаеме од прва рака со она што се случува тука во градот заедно со пратеничката од Гевгелија и со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да се сретнеме со граѓаните и да поразговараме. Сликата која што ја гледаме во недела неработен ден, викенд е навистина тажна, градот е целосно замрзнат, парализиран како последица на корона кризата но и како последица на неспособноста на власта. Македонија е убедливо на  последното, на најдолното место по вакцинација не само во регионот туку во цела Европа и за жал во неславните први места по бројот на смртност од короната. Тоа се одразува на луѓето, не само во делот на стравот, не само во делот на затварањето дома туку и на економијата, но исто така и на здравствената битка. Секојдневно луѓето се борат да најдат контакт до некој доктор, до некоја медицинска сестра да им пружи  првична помош, да можат да се изборат со корона вирусот. Да не зборувам за оние потешки случаи кој што не можат да најдат кревет во инфективните центри со цел да го спасат сопствениот живот. Тоа е тажната слика која што  ни се случува на Македонија, една целосен колапс на здравствениот систем како резултат на оваа корумпирана власт. Македонија нема вакцини и како што стои работата за жал уште долго време нема да ги има вакцините. Причината е јасна имаме неспособни и корупмирани, не знаат од каде да ги набават, а таму каде што успееја да најдат канал пробаа да земат мито и затоа граѓаните не се вакцинираат. Да не се донациите од соседна Србија  и тоа минимум кое што го има сега нема да го има. Оваа неспобна власт наместо да се потруди да најде вакцини и да ги отвори македонските градови и села, да ја отвори македонската економија прави чекори кои што се спротивни на тоа, па така гледаме изјава на министерот за економија Крешник Бектеши кој што вели дека не го интересира дали ќе се отвори границата кон Грција или не и дека нема што тој тука да направи, иако отварањето на границата кон Грција е значајно, суштински битно за Гевгелија но и за сите околки  места тука за Дојран, за Богданци, за Струмица, за целиот Струмички регион, за Демир Капија, за Неготино, за Кавадарци, ако одиме малку позападно и за Битола и за Прилеп. Суштински значајно за економијата е да се отворат границите, а границите не се отвараат затоа што во Македонија нема вакцинација и Македонија за жал останува една црна дупка. Дури гледаме дека на граѓаните на Србија кои што се апсолутно рекордери и треба да им се честита во делот на вакцинирање  им се препорачува кога ќе почнат да одат за Грција тоа е некаде 14 мај истото да го прават преку Бугарија, значи и физички да ја избегнат Македонија, воопшто да не патуваат низ Македонија затоа што бројките се такви какви што се. Во таа насока сакам да искоментирам дека денеска ќе имаме средба со просветните работници тука од Гевгелија. Како што сега стојат работите најверојатно и од септември нема дасе отворат училиштата и ќе имаме трета година во која што целосно или делумно децата не одат во школо и наставата ја следат од дома. Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е искличително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење. Повикиваме, апелираме веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација. Да бидам искрен во однос на овој повик сум скептичен како и во однос на се останато што се случува и затоа логичното решение ден поскоро, час поскоро е оставка на овие неспособни, корумпирани и самобендисани. Видете што ни се случува само во една недела . Вакцини во Македонија нема, ама има кокаин. Вакцини во Македонија нема, ама имаме шверц на кокаин, а наркобосовите како што ги нарекува обвинителството бегаат затоа што некој од полицијата им дојавува. Претходно една недела пред тоа вториот и третиот човек на Владата како ништо да не се случило си заминаат на одмори на најлуксузни дестинации во Мексико и во Дубаи без трошка срам да имаат кон луѓето кои што се борат со корона вирусот и гледаме пред некој ден во Прилеп Зоран Заев и Венко Филипче, двајцата најодговорни за борбата со корона вирусот  си слетаа со хеликоптер  како да се филмски ѕвезди. Такви неспосбни ја водат Македонија, такви бандити ја водат Македонија и затоа е потребно оставка ден поскоро, час поскоро. Прашање: Господине Николоски последното што го спомнавте премиерот Заев вели дека било поевтино да се лета со хеликоптер отколку да се вози со автомобил вие со што дојдовте овде? Одговор: Срамота како да ви кажам, срамота брука немање основно елементарно чувство од страна за Зоран Заев. Јас дојдов тука со мојот приватен автомобил затоа што како и секој нормален граѓанин логично е да користете автомобил кога патувате на одредена дестинација, но Зоран Заев користи хеликоптер, во држава во која што долгот во моментов ќе надмине 2 милијарди со новата еврообврзница која што ќе ја земат потрошени за само две години а не гледаме каде одат, во држава во која што стапката на смртност за жал е меѓу највисоките,а бројот на вакцинирани е меѓу најниските, една таква забеганост една таква самобендисаност, Македонија не памети кај ниеден политичар кој што бил на власт без разлика дали бил од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ во 30 години независност. Ваков самобендисан, ваков неспособен, неработник, летнат во облаци ниту имало ниту ќе има и затоа ни е потребно оставка ден поскоро час поскоро. Прашање: Откако јавно го прозвавте министерот Оливер Спасовски дека има фотографии со криминалци тој вели дека тоа е чиста случајност кој е вашиот коментар? Одговор: Па еве искоментирав веќе и во едно интервју  истото го кажа и Стево Пендаровски претседателот на државата, како бе само со нив случајно се сликаат?  Јас разбирам еден ете случајно некаде на улица да застанал, цела Влада ја имаме, го имаме братот на премиерот, најблиските соработници, министерот за внатрешни, претседателот на државата сликани од прв до последен со сите наркобосови. Како тоа случајно седат на маса, ручаат, вечераат. Вие седнувате на маса со некој што не го знаете, вака случајно по улица се наоѓате, ајде ќе седиме на маса? Смешно им е образложението, јасно им е дека постои една криминална спрега. Сите знаат, во сите урбани центри, кој продава кокаин. Во Гевгелија сите знаат кој се дилерите, во Струмица сите знаат кој се дилерите, во Прилеп сите знаат кој се дилерите. Во Прилеп ги собраа, театар направија една вечер и ги пуштија утредента тие кои што ги собираа, инспекторите и тие кои што беа собрани, дилерите, кафе пиеја утредента, на очиглед на цела прилепска јавност. Во Скопје сите ги знаат кои се дилерите на кокаин, сите ги знаат само полицијата не ги знае затоа што соработува со нив. Прашање: Во насока на корона кризата, министерот Филипче вели дека очекува помош од опозицијата. Ќе помогнете ли? Одговор: Најдобра помош што може да ја дадеме на оваа држава е Венко Филипче  и Зоран Заев да си дадат оставка. Да се формира брзо Влада за национален спас, да се активираме сите ние и да ја спасиме Македонија од оваа катастрофа што и се случува. Николоски:Потребно е власта  да обезбеди  вакцини за наставниот кадар, за да не дојде трета година по ред децата да не одат во училиште Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://youtu.be/gSqMIyGivok

Остани поврзан