• недела, 22 декември 2024

Николоски: Градоначалникот на Гази Баба дозволува изградба на високозагадувачка индустрија

Николоски: Градоначалникот на Гази Баба дозволува изградба на високозагадувачка индустрија
Скопје, 24 август 2021 

Како што спомна кандидатот за градоначалник и убеден сум после 17 октомври, градоначалник на Гази Баба.

Денеска сме во посета на општината, ќе ја посетиме населбата Автокоманда, каде што сме во моментот. Понатака ќе одиме и во населеното место Стајковци каде што ќе имаме средби со граѓани, посета на граѓани каде што ќе поразговараме во однос на составувањето на програмата за следните локални избори која што ќе е детална и која што ќе е програма која ќе се однесува на секое населено место, односно на секоја општина посебно.

И затоа, овие средби се во функција на подготовка на програмата за следните локални избори. Она што можам ад го кажам во однос на Општина Гази Баба е дека е интересна, голема општина, комбинација на урбана и рурална општина. Општина, која што за жал, во овие четири години назадува, општина која што со владеењето на досегашниот градоначалник од СДСМ се соочи со големи предизвици и проблеми.

Ќе набројам неколку.

Во моментов сеуште, општинската администрација и градоначалникот, не се откажуваат од идејата за вцртување за Детален урбанистички план, кој што би одел од фабриката Железара во продолжение, со цел да може таму да се развие тешко загадувачка индустрија. Тешко загадувачка индустрија која што потенцијално може да го загадува целото Скопје.

За истото реагираше ВМРО-ДПМНЕ, нашиот состав на советници, односно советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општината, на кои што им сум благодарен за целиот ангажман. Исто така реагираа граѓанските здруженија, пред се еколошките здруженија.

Но, градоначалникот од СДСМ, поддржан од градоначалникот на СДСМ на Град Скопје, Петре Шилегов не се откажуваат од оваа идеја, што значи дека, освен за лукративни интереси, нема друга логика, зошто толку форсираат да во продолжение од фабриката Железара, на територија на Општина Гази Баба се гради високо загадувачка индустрија.

Втората работа која што ја сакам да ја споменам, која што исто така се случува пред локалните избори, свесни се дека ќе ги изгубат изборите, е давањето за без пари на земјиштето каде што сега се наоѓа Општина Гази Баба. Имено, Гази Баба во моментот се наоѓа на една супер атрактивна локација, на самиот булевар, наспроти хотелот Континентал. Тука, сеуште актуелниот градоначалник од СДСМ потпиша договор со косовска фирма за изградба на станбена и деловна зграда во која што општината би добила многу малце, односно би добила само неколку простории за канцеларии на општината и сето друго би го добил, така наречениот, инвеститор. Па се поставуваат две прашања, дали толку немаше фирма градежна во Македонија што може да го направи ова, па мораше да се прави со косовска фирма? И зошто се оди на овој начин, зошто кога веќе општината решила да не го поседува тоа земјиште, не го даде на јавна лицитација, па да се да натпреваруваат помеѓу себе фирмите и да се постигне висока цена? Со таа висока цена да се наполни буџетот на Општина Гази Баба и да се инвестира во канализациони и водоводни системи, на пример, туку се отиде на непосредна спогодба и колкав е личниот интерес на градоначалникот од СДСМ на Гази Баба во овој проект?

И  третата работа која што сакам да ја споменам е едно упорно форсирање на Детални урбанистички планови пред локалните избори, истото гледате се случува и во Општина Карпош. Очигледно свесни дека ќе ги губат изборите, па така еве во Општина Гази Баба се форсира Детален урбанистички план во кој што една зграда од приземје плус три ката треба да порасне на приземје плус десет ката и да се уништи оваа урбана и модерна населба како што во моментов е Автокоманда.

Не очекувам одложување на изборите, единствен кој ја форсира оваа тема  е Зоран Заев и СДСМ затоа што се свесни дека ќе им се случи пораз, и изборите не треба да бидат одложени вклучително и заради епидемиолошката слика која е во Македонија, затоа што се покажа дека во еден период од година и пол власта не успева да се справи со корона пандемијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Македонија е последна во Европа што набави вакцини, во Македонија долго време немаше вакцини луѓе мораа да одат во Србија да чекаат редови за да се вакцинираат, во Македонија мерките за поддршка на стопанството се најслаби од сите земји во регионот, да не зборувам за европско ниво. Исто така во Македонија најмалце се одвојува од БДП за поддршка на стопаснтвото и во Македонија имаме едни хаотични мерки кои гледаме дека во суштина ги смислуваат Заев и Филипче, а не стручни луѓе“, кажа Николоски.

Според него „затоа што стручните луѓе излегоа и кажаа дека овие мерки ги предложиле порано, а дел воопшто не ги предлагале и со истите не се согласуваат е причина плус за избори“.

„Сето ова покажува дека има еден тотален хаос, дека власта не знае да го менаџира овој процес со корона вирусот затоа се потребни избори за да се промени оваа власт и да дојде една компетентна власт која ќе почне да ги решава проблемите“, рече Николоски. 

 Со почит, 

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
   

Остани поврзан