• недела, 18 јануари 2026

Николоски - Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид - Братислава, ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Николоски - Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид - Братислава, ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Воведувањето на новата авиолинија Охрид - Братислава и подобрувањето на македонско-словачките економски и трговски односи беа тема на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
 
Како што соопшттија од Министерството за транспорт, линијата Охрид - Братислава, која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис-секторот, потврдија двајцата соговорници. 


Вицепремиерот Николоски, се посочува, истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

- На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима. Вицепремиерот Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти, кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура - се наведува во соопштението. 
 
Николоски воедно упатил честитки за изборот на амбасадорката притоа изразувајќи благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји, стои во соопштението. вг/

Фото: Министерство за транспорт
 

Остани поврзан