• петок, 28 јуни 2024

Николов пред трансфер во калчолигашот Салернитана

Николов пред трансфер во калчолигашот Салернитана
Рим, 19 јули 2021 (МИА) – Повратникот во италијанската Серија А, екипата на Салернитана, е заинтересирана да го засили средниот ред со македонскиот репрезентативец Бобан Николов, јавија вечерва италијанските медиуми. Салернитана, како што објави „Тутомеркатовеб“ може без обесштетување да го доведе во своите редови 27-годипниот Николов, откако на македонскиот фудбалски репрезентативец во јуни му истече договорот со италијанскиот второлигаш Лече. Николов во 2017 година премина од Вардар во унгарскиот прволигаш МОЛ Види, од каде во јануари годинава направи трансфер во Лече потпишувајќи шестмесечен договор со екипата која не успеа минатата сезона да избори пласман во Серија А. ег/см/  

Остани поврзан