• среда, 25 декември 2024

Николовски: Постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство

Николовски: Постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство
Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски  вечерва на својот фејсбук профил напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори. - Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи..., во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, пишува Николковски. Северна Македонија, како што се наведува, нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом. мд/бк/  

Остани поврзан