• среда, 25 декември 2024

Николовски: Ако во Собранието се оневозможува гласање на важни закони, постои реална можност да направиме ново парламентарно мнозинство и нова стабилна влада која ќе организира редовни избори

Николовски: Ако во Собранието се оневозможува гласање на важни закони, постои реална можност да направиме ново парламентарно мнозинство и нова стабилна влада која ќе организира редовни избори
Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва изјави дека има можност за формирање ново парламентарно мнозинство и редовни избори.
-Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на било кој начин се оневозможи гласање на важните законите, а особено Законот за јавно обвинителство, изборниот законик, Законот за одбрана разрешувањето на Мизрахи...во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори,  изјави Љупчо Николовски, во гостувањето на телевизија 21.
Најважно е, како што посочува,  да се обезбеди демократска процедура за гласање на Законот за јавно обвинителство.
- Никој не смее да се дрзне одново да блокира и опструира. Без разлика дали има или нема мнозинство за законот, мора да се обезбедат услови за гласање. Овој Закон за јавно обвинителство има поддршка од Европската Унија, од САД и преставува основа за правна држава и за владеење на правото, додаде Николовски.
Тој изрази оптимизам дека вечерва ќе се создадат услови за гласање, а доколку во следните денови не се изгласа законот, тогаш се отвора опцијата да се оди на избори во редовен термин.
Генералниот секретар Николовски образложи дека СДСМ бара фер шанса и настапува со принципи и затоа повика сите политички партии да овозможат гласање на законите.
-Ние не би сакале да дојде до редовни избори затоа што веќе имаме закажано термин за предвремени, но се наоѓаме во ситуација во која структури не опструираат, односно прават се да не дојде до гласање. Со ова се опструира правдата и се враќа државата назад. Тие структури ги знаете, се плашат од иднината соочени со криминал и пресуди, заврши Николовски.
Тој посочи дека има закани врз пратениците од, како што рече, одредени структури и кај нив постои страв од градење на темелите на правната држава, односно создавање на правниот систем во државата. мд/бк/
 

Остани поврзан