• понеделник, 23 декември 2024

Николовски – Курт: Тимски против криминалот, Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународен Аеродром Скопје

Николовски – Курт: Тимски против криминалот, Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународен Аеродром Скопје

Скопје, 8 август 2024

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

„Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал“, истакна Николовски.

Двете страни се согласија дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката се со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.

 Царинска управа

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан