• петок, 22 ноември 2024

Николовски на средба со Мамадов ги претстави искуствата за консолидација на земјоделското земјиште

Николовски  на средба со Мамадов ги претстави искуствата за консолидација на земјоделското земјиште

Скопје, 2 јули 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на 43. Конференција на ФАО во Рим, одржа билатерална средба со министерот за земјоделство на Азербејџан Мајнун Мамадов, на која разговараа за зајакнување на соработката во делот на земјоделството.

-Посебен интерес на средбата предизвика процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Министерот Николовски го сподели со својот колега Мамадов искуството за успешно спорведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и изведбата на нова земјоделска инфраструктура, решавајќи ги проблемите со малите фрагментирани парцели, кои оневозможуваат примена на современи технологии и унапредување на производниот процес, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. 

На средбата министерот Николовски упати честити до својот колега Мамадов за новата функција, како и покана за посета на Северна Македонија до својот колега, за да можат одблиску да го видат процесот на консолидација на земјоделското земјиште.

-Северна Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99 проценти реализација и консолидирани земјишни парцели во девет подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево, наведува МЗШВ. лв/са/

извор: МЗШВ

Остани поврзан