• вторник, 05 ноември 2024

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобриот промотор, најгласниот и најдиректниот маркетинг на нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегија, а тоа е пресликано и денес на Винскиот саем, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.

Николовски е дел од македонската владина делегација која учествува на меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград.  

Оваа година, истакнува Николовски, земјава се претставува со двојно повеќе изложувачи, вкупно 74 македонски винарии и дестилерии кои го промовираат својот потенцијал.

-Позитивни зборови за нашето вино добивме и од амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил. Заедно со чаша убаво македонско вино наздравивме за успешна промоција на нашето вино на вториот меѓународен Саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, напиша министерот. мч/лв/

фото: ФБ на министрите Љупчо Николовски и Благој Бочварски

 

Остани поврзан