• петок, 26 април 2024

Вонредно изборно Собрание на ДПМ поради актуелната состојба

Вонредно изборно Собрание на ДПМ поради актуелната состојба

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Претседателката на Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 25 ноември ќе свика вонредно изборно Собрание, поради актуелната состојба.

-Врз основа на Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во својство на Претседателка на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, свикувам вонредно изборно Собрание за ден 25.11. 2023 година, поради актуелна состојба, напиша денеска Николовска на фејсбук страницата на Друштвото.

Инаку, вчера писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Оставката на Петрески доаѓа откако во петокот беше објавено дека седум писатели поднесоа оставки од членство во претседателството на ДПМ. Оставки, како што беше соопштено, поднесоа Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска. Оставка поднесе и писателот Бранко Цветковски. Тие не ги соопштија причините за оставките.бт/аа/

Фото: МИА архива


 
 

Остани поврзан