• петок, 20 декември 2024

Николиќ доби суспензија од десет натпревари

Николиќ доби суспензија од десет натпревари

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ од страна на дисциплинската комисија на КФСМ доби 10 натпревари суспензија плус парична казна во висина од 48.000 денари. 

 

Казната за Николиќ е поради неделниот инцидент за време на натпреварот од плејофот со Кожув. Тренерот влезе на паркетот и собори кошаркар на гевгелискиот тим.

 

Казната за Николиќ значи негов крај на сезоната.

 

Во следните натпревари, МЗТ Скопје Аеродром кој ја брани шампионската титула ќе биде предводен од Васко Атанасов. зс/

 

Фото: КФСМ

Остани поврзан