• петок, 22 ноември 2024

Ники Хејли најави поддршка за Трамп на изборите

Ники Хејли најави поддршка за Трамп на изборите

Вашингтон, 23 мај 2024 (МИА) - Поранешната републиканска кандидатка за претседателска номинација во Соединетите Американски Држави (САД) Ники Хејли изјави дека на ноемвриските избори ќе гласа за Доналд Трамп, кој и беше ривал на првичните партиски избори.

Таа нагласи дека Трамп мора да работи за да ги придобие нејзините гласачи, пишува Гласот на Америка (ВОА).

„Ќе гласам за Трамп. Но, останувам на она што го кажав кога се повлеков од прелиминарната трка, Трамп треба да допре до луѓето кои гласаа за мене, а не само да претпоставува дека сега ќе гласаат за него. И јас искрено се надевам дека ќе го направат тоа“, рече Хејли, која беше амбасадорка во ОН во администрацијата на Трамп.

Хејли се повлече од трката пред два месеца, но тогаш не го поддржа Трамп, туку го обвини дека создава хаос, не соработува со меѓународните сојузници и прашуваше дали може да се биде претседател на 77-годишна возраст.

Трамп, од друга страна, често ја критикуваше или навредуваше Хејли, нарекувајќи ја „пилешки мозок“.

Кампањата на Трамп не ја коментираше новата изјава на Ники Хејли. паг/

Фото: ЕПА


 

Остани поврзан