• петок, 22 ноември 2024

Нивото на Црна кај Новаци речиси три пати пониско од просекот за февруари

Нивото на Црна кај Новаци речиси три пати пониско од просекот за февруари

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Нивото на Црна Река кај Новаци е речиси три пати пониско од февруарскиот просек, а преполовени водостои бележат Сатеска кај Ботун и Вардар кај Велес, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Отстапки во однос на просекот за февруари, но не толку драстични, се регистрирани и кај останатите реки во земјава.

Според мерењата, нивото на Охридското Езеро е пониско за еден сантиметар од вчера, додека промени кај Преспанското и Дојранското Езеро нема. Охридското и Преспанското Езеро се под февруарскиот просек, а Дојранското е со повисок водостој. мч/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан