• среда, 21 јануари 2026

СДСМ: Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите

СДСМ: Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го објавува интегрално.

Средбата е планирана со почеток во 18.30 часот во Global Citizens House, во Даваос, а Владата се уште нема информирано.

Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници“, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми.

Прашуваме, дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?

Дали на Владата толку и требаат пари што и се брза преку посредници да ги осигура?

СДСМ

Фото МИА архива

Остани поврзан