Нејмар, Мбапе, Ди Марија, дел од тимот на сезоната во Лига 1 според „Л’Екип“.
- Францускиот весник „Л’Екип“ го објави симболичкиот тим на најдобри играчи во тековната сезоната на Лига 1.
Париз, 11 април 2020 (МИА) - Францускиот весник „Л’Екип“ го објави симболичкиот тим на најдобри играчи во тековната сезоната на Лига 1.
Во тимот се четворица фудбалери на ПСЖ, тројца од Ремс, два од Лил, и по еден од Монако и Стразбур.
Голман: Предраг Рајковиќ (Ремс);
Одбрана: Мохамед Симакан (Стразбур), Габриел (Лил), Јунис Абделхамид, Хасан Камара (и двајцата од Ремс);
Среден ред: Ренато Саншеш (Лил), Марко Верати, Анхел Ди Марија (двајцата од ПСЖ);
Напаѓачи: Нејмар, Килијан Мбапе (двајцата од ПСЖ), Висам Бен-Једер (Монако).
Тренер е Томас Тухел, кој го предводи ПСЖ. зс/