• сабота, 23 ноември 2024

Нехамер: Имало пропусти кај безбедносните органи во врска со убиениот терорист

Нехамер: Имало пропусти кај безбедносните органи во врска со убиениот терорист
Виена, 4 ноември 2020 (МИА) - Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска изјави дека анализата на добиениот видео материјал ја потврдила теоријата за едниот напаѓач кој изврши терористички напад во Виена и призна дека во минатото имало пропусти во работата на безбедносните органи во врска со убиениот терорист. На денешната прес-конференција, Нехамер рече дека се точни информациите што словачката разузнавачка служба ја известила австриската Служба за заштита на уставноста и борба против тероризмот (БВТ) за обидот тоа лице да купи муниција. Тој посочи дека се работи на реформа на БВТ и дека истражната комисија ќе поддржи вклучување на сè во реформите во врска со пропустите во сегашниот случај. Нехамер рече дека за време на истрагата за терористичкиот напад полицијата извршила претрес во бројни станови на луѓе од областа на убиениот напаѓач и дека уапсила 14 лица, на возраст од 18 до 28 години. паг/  

Остани поврзан