• четврток, 02 мај 2024

Нетанјаху: Само што почнавме, она што следува ќе оддекнува со генерации

Нетанјаху: Само што почнавме, она што следува ќе оддекнува со генерации

Тел Авив, 9 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето денешно обраќање ги повика опозициските лидери веднаш да формираат влада на национално единство.

- Конечната акција е да се зацврсти единството во земјата. Сега сме сите обединети, вели тој.

Тој додаде дека голем број палестински вооружени лица се уште се во земјата и ги обвини дека убивале деца на кои претходно на рацете им биле ставени лисици.

Нетанјаху предупреди дека нападите против Хамас во Газа „допрва почнуваат“.

- Едно нешто што е најважно е да останеме смирени. Знам дека сите сакаме резултати токму овде, токму сега, но ќе биде потребно извесно време. Ви ветувам сограѓани, на крајот на војната нашите непријатели ќе знаат дека е страшна грешка да се нападне Израел“, вели тој.

- Секое место каде што дејствува Хамас ќе се претвори во урнатини. Ова веќе се случува и ќе продолжи да се случува.

Тој ѝ порача на нацијата дека САД го поддржуваат Израел на „секој начин“ и дека „непријателите на Израел сфаќаат што значи тоа“.

- Сите наши непријатели ќе знаат дека е страшна грешка да се нападне Израел. Она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации, додава тој. ссм/

фото: Јутјуб принтскрин

 

Остани поврзан