• понеделник, 23 декември 2024

Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана

Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана

Teл Авив, 10 април 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва потврди дека Јоав Галант ќе остане министер за одбрана и истакна дека израелските безбедносни сили ќе се спротивстават на тероризмот на „сите фронтови“.

„Во изминатите денови, ние (Нетанјаху и Галант) работевме на сите фронтови соочени со повеќе предизвици. Има сериозни разлики меѓу нас, но решив да ги оставам зад нас. Галант останува на функцијата министер за одбрана  и ние ќе продолжиме да соработуваме заради безбедноста на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање до јавноста.

Израелскиот лидер го разреши Галант на 26 март, еден ден откако министерот за одбрана се изјасни против контроверзниот план за реформирање на судскиот систем на земјата.

Одлуката за смена на Галант предизвика бран спонтани масовни протести и генерален штрајк што се закануваше да ја парализира земјата, принудувајќи го Нетанјаху да го суспендира планот за реформи. 

По изјавата на Нетанјаху, Галант на Твитер објави дека ќе продолжат да соработуваат „со полна сила за безбедноста на Израел“. зш/

Остани поврзан