• петок, 22 ноември 2024

Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант

Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант

Тел Авив, 5 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши својот министер за одбрана Јоав Галант.

Овој потег доаѓа 14 месеци од војната на Блискиот Исток, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Нетанјаху рече дека се развила „криза на доверба“ меѓу него и Галант, јави Скај Њуз.

Тој посочи дека имало премногу „значајни празнини“ меѓу нив околу управувањето со израелските војни.

„Во екот на војна, повеќе од кога било, потребна е целосна доверба меѓу премиерот и министерот за одбрана“, истакна Нетанјаху.

- За жал, иако во првите месеци од кампањата постоеше таква доверба и имаше многу плодна работа, во последните месеци таа доверба пукна меѓу мене и министерот за одбрана, изјави израелскиот премиер.

Тие двајца редовно беа во несогласувања околу справувањето со војната во Газа.

Претходниот обид за смена на Галант во март минатата година доведе до масовни улични протести против Нетанјаху. ссм/

Остани поврзан